СЕЛА: АКО МИЦКОСКИ И ЗАЕВ НАПРАВАТ МАКЕДОНСКА ВЛАДА, НИЕ ЌЕ НАПРАВИМЕ АЛБАНСКА
„Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници, ние ќе ја создадеме нашата албанска влада. Јасно е, немам што друго кажам“, порача лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села од Струга, каде коалицијата „Сега е време“ синоќа одржа централен митинг.

