| |

Време е Ковачевски да престане да калкулира со уставните измени и да ги упати во процедура

Став на Ивон Величковски

Сите знаат дека “од политичарите се бара лидерство”, но ретко кој признава дека остварувањето на преземените обврски е составен дел од лидерството. Колку и моментално тоа да не личи погодно по рејтингот.
Очигледно и очекувано, за раководството на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени се преговарачки влог за „да формира Влада, да си ја консолидира власта, па евентуално да менува устав“.
Резолуцијата во Бундестагот и следните слични „гаранции по идентитетот“ ги елиминираат последните аргументи за одлагање и процесот веќе не зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту од СДСМ.
Еднакво очигледно и очекувано, талозите на ПЈРМ во СДСМ (и власта воопшто) би продолжиле да ги кочат интеграциите. Оти со нив завршува институционалната моќ на старата економско-финансиска, академска, медиа и партиска „елита“ зависна од југо-македонистичката интерпретација на идентитетот.
Во повеќе наврати Ковачевски јавно беше предупредуван дека во Македонија токму југо-македонизмот се судира со европското и евроатланско – македонство.
Судирот не е меѓу партиите (како што се претставува) туку меѓу општеството со анти-ЕУ/НАТО групациите и поединците распослани како “елита” во медиумите, академијата, верските заедници и институциите… Од која потекнаа Уставот 1991, приватизацијата, 2001 и, особено, внесувањето на македонскиот идентитет како тема во секој спор со соседите.
Затоа сега е време Ковачевски да биде предупреден и дека е пред изборот дали ќе ги исполнува обврските кон државата/граѓаните или кон своите претходници.
Неговите претходници не се на неговото место токму поради држењето на Македонија вон НАТО и ЕУ низ премолчан пакт со „елитата“ и нејзините „експерти“… за Брисел да остане цел на Македонците, а Белград – главен град на македонските политичари.
Провиден е обидот ваквиот пакт да се продолжи низ предвремени избори според договорот Мицкоски – Заев зачнат уште од пред 2020. Ковачевски секако е свесен дека во вакви односи тој е само име, но не и лик, иако избори во 2023 се гаранција за нови во 2024.
Оттука, предвидлив е и обидот овој пакт да флертува со нова доза анимозитет кон ДУИ, за оправдување на „македонска коалиција“. Која за 60% од граѓаните на анкетите однапред е нефункционална.
И, наспроти проектираното, тоа (ве)ќе ја врати Мала Речица во доминантна политичка сила на Албанците во Северна Македонија.
Бидејќи низ односот кон (партиите на) Албанците (ќе) се одвиваат двете познати тенденции на старо Скопје:
А) Првата, за фактичка поделба “до и отаде Групчин“, поттикната со идеите за етнички заедници на општини и
Б) Ако тенденцијата А) е неспроведлива, „елитата на Македонците“ (којашто не ги претставува Македонците) да си произведе „свои Албанци“ – кои нема да ги претставуваат Албанците.
Затоа, целта е отворањето на корупцијата и улогата на МВР, правосудството, медиумите, партиите, банките… во неа – да се прекине со запирање на македонските интеграции.
Наспроти сите обиди и на ЕУ и на САД за нивно продолжување во интерес на Македонците и граѓаните на Македонија.
А ефектот од нивното запирање е на пр. Куманово да се претвори во Косовска Митровица – граничен Duty Free Shop на локалните и регионалните мафии со службењачка поддршка.
Кога ќе се присетиме дека со примерот на “Евростандард” видовме колку македонскиот банкарски систем (проектиран да функционира вон ЕУ) веќе заличил на кипарскиот до пред пар децении – претставата за опасностите е комплетна.
Значи, Ковачевски може да тактизира уште кратко, но веќе летово ќе покаже:

  • Дали посакува партиско единство со старо Скопје или со Македонците и граѓаните на Македонија за од кон Брисел?
  • Дали е премиер за “Република Македонска” или на евроатланска, европска Северна Македонија?
    Колку повеќе ги одложува уставните дополнувања, го избира првото во секое од прашањата.


Слични Објави