| |

ВОНПАРЛАМЕНТАРНИ ПАРТИИ СО МАЛИ ИЗМЕНИ БАРААТ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ПО ПРИМЕРОТ НА ГДУ

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест барања во врска со Изборниот законик и условите за ,,фер и демократски“ избори.

Тие бараат изборен модел со една изборна единица, без долен праг и отворени листи. Донтовиот модел може да биде заменет со Сант Лаговиот, кој дава мала предност на средните партии, за разлика од првиот кој исклучиво ги фаворизира големите.

Потсетуваме дека Граѓанско Демократска Унија од самото свое создавање се залага за промена на изборниот модел преку која Македонија да биде една изборна единица, а листите да бидат отворени.

Во самиот предлог на ГДУ стои:

Собранието на Република Македонија треба да има 90 пратеници, избрани според пропорционалниот изборен систем, во кој територијата на Република Македонија претставува една изборна едница.
Предлог листа за пратеници предложена од група граѓани (независна листа) се избираат без цензус.
Предлог листа предложена од една политичка партија, потребниот цензус за избор на пратеници е 3% од излезените гласачи.
Предлог листа предложена од две политички партии кои настапуваат како коалиција, потребниот цензус за избор на пратеници е 5% од излезените гласачи.
Предлог листа предложена од три или повеќе политички партии кои настапуваат како коалиција, потребниот цензус за избор на пратеници е 7% од излезените гласачи.


Кандидатските листи се отворени, што значи дека избирачот освен што може да избира за која листа ќе гласа, ќе може да се изјасни и за кои кандидати на избраната листа ќе го даде својот глас.
Последното место на гласачкото ливче е резервирано за “Ниту еден од горе наведените”

Обработката на гласовите се прави според Вебстеровиот метод

Слични Објави