Во Плиска пронајден златен владетелски прстен

/

Масивен златен прстен со печат тежок 27 грама што најверојатно му припаѓал на владетел, бил откриен при ископувањата на тимот на доц. Андреј Алаџов во старата престолнина Плиска. На прстенот нема ниту натпис, ниту монограм, но тој е пронајден во остатоците од ископана дрвена зграда за која се верува дека претходела на престолската палата на Омуртаг. Затоа специјалистите што го проучуваат Омуртаговиот период, уникатниот наод го поврзуваат со хан Омуртаг /814-831/.

На високата елипсовидна плочка на прстенот, сликата ни покажува дека служел за печат, коментира доц. Алаџов за „Труд“. Постојат неколку верзии за неговото потекло – дека е увезен од Византија, но изработката му е премногу груба за да биде византиска, вели археологот. Поверојатно е дека е направен од локален, неквалификуван занаетчија.

Се чека споредба на хемискиот состав на овој прстен со медалјонот на Омуртаг /има натпис б.а./ кој исто така е златен и е пронајден во 1975-та година. „Ќе видиме дали се слични во нашата лабораторија НАИМ во БАН“, кажа доц. Алаџов.

Сепак, сликата на прстенот дефинитивно е владетелска, бидејќи на главата има круна, а облеката е богато применета. Прстенот не е мал и можеби бил носен на безимениот прст.



Пред 10 години, тимот на доц. Алаџов, на истото место во Плиска откри уникатни стаклени кругови со изгравирани златни човечки фигури врз нив.  Годинава беа во Австрија како дел од изложба посветена на Византија.

Претходна статија

Божиќен саем на книгата во Националниот дворец на културата од 6-ти декември во Софија

Следна статија

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада, разговаравме за европскиот пат

Најново од Вести