| |

ДЕСКОСКА: ВОЗИЛОТО Е ПРИВАТНО, МИНИСТРИТЕ ИМААТ ПАСАТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ

Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати. Второ, со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност,

Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.

П.С. Поздрав до фотографката, напиша Рената Десковска, министерка за Правда, откако перјаниците на опозицијата обвинија дека Десковска била фатена како се движи на партиски собир со државно возило.

Слични Објави