ВО ПОНЕДЕЛНИК 6 ЈУЛИ НОВ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ-КОЉО

Додека институциите молчат и се глуви на нашите барања и протестни маршови, на нас не ни останува ништо друго, освен уште еднаш да излеземе на улица. Уште појасно и погласно, во што поголем број да го искажеме нашиот глас против селективната правда и нарачаните пресуди. Да испратиме порака до секој кој треба да слушне, дека борбата за ПРАВДА за Никола Христовски – Кољо нема да престане.
Неуспехот за нас не претставува опција и затоа ќе одиме до крај. Ќе се бориме се додека правдата не биде задоволена. Се додека пресудата не биде променета, а делото преквалификувано.

Ве повикуваме СИТЕ, да се собереме уште еднаш, да излеземе на улица и повторно да им дадеме до знаење на надлежните дека си поигруваат со нашето трпение, дека си поигруваат со ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ.

Собирот ќе биде во ПОНЕДЕЛНИК (06.07), во 19 часот, на истото збирно место како и за првиот протест а раскрсницата помеѓу бул. Јане Сандански и бул. Србија.

Очекувајте повеќе детали и информации во текот на наредните денови, стои во соопштението на Повик за правда објавено на социјалната мрежа facebook.