МУ ЗЕМАЛЕ ДОБИТОК ГО ПЛАТИЛЕ СО ПАРИЧНИК ПОЛН ХАРТИЈА

Во утринските часови на 29 јуни во велешката полиција билa пријавена измама која се случила на фарма за добиток во велешкото село Превалец.

loading...

Како што информираат од МВР, четири непознати лица кои се претставиле дека се од скопски Сарај, измамиле 67-годишен велешанец откако договориле купопродажба на девет грла крупен добиток за сума од 6.000 евра.

Откако добитокот го натовариле во камион со кумановскa регистрација, двајца од нив заминале, додека велешанецот со останатите две лица, кои биле со автомобил со скопска регистарација, се упатиле до Ветеринарна станица во Велес за да ги комплетираат документите за продажбата.

По ова, едно од лицата со изговор дека ќе го пренесува неговиот брат, на велешанецот му оставил паричник како гаранција, по што и тие двајца купувачи заминале.


loading...

Откако 67-годишникот го отворил паричникот кој бил наполнет со хартија, сфатил дека е измамен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.