ВМРО-ДПМНЕ: ПРАВОСУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е НА КОЛЕНА, А СУДИИТЕ СЕ ВО ГРЧ И РАБОТАТ ПОД ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК

//

Правосудството во Република Македонија е на колена, а судиите се во грч и работат под политички притисок.

Споредбата како се водат случаите Поткуп и Тенк е најдобар доказ дека не постои правда, туку само политички нарачан прогон.

Случајот Поткуп каде што првообвинет е Зоран Заев, кого цела јавност го виде дека од позиција на градоначалник бара едно евро за себе и едно евро за црквата, чека правна разрешница цели пет години. Обвинението е поднесено уште во 2013 година.

Случајот Тенк кој што се базира на незаконски стекнати прислушкувани разговори и претпоставка дека Никола Груевски влијаел врз Јанкулоска да го поттикне Поповски да набавел блиндирано возило, е започнат четири години подоцна.

Рочиштата во случајот Поткуп се одложуваа десетици пати и се развлекуваа со месеци и години, а за Тенк се закажуваа експресно и траат дури и по 12 часа.

Во случајот Поткуп, сведокот го потврди кривичното дело и барањето Поткуп. Кажа дека Заев му барал едно евро за Вице, едно евро за партијата и едно евро за црквата.

Во случајот Тенк беа повикани околу 40 лица. 15 сведоци на СЈО и уште 20-тина на одбраната. Сите, без исклучок, сведочеа контра обвинителниот акт. Посочија дека претходните блиндирани возила не можеле да ги задоволат безбедноснитр потреби.



Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, а судиите судат според желба а не според докази и факти.

Заеднички за двата спора е што завршуваат во исто време. Во неколку дена треба да биде изречена и пресудата за Зоран Заев и пресудата за случајот Тенк.

Заеднички за двата предмети е што сите ги знаат однапред пресудите, а истите ги најави и самиот Заев. Медиумите веќе пишуваа и за наградата што треба да ја добие судијата Добрила Кацарска за одработената задача.

Тоа е разликата меѓу судството кое работело во “режим” и ослободеното судство откако доjде живот.

Криминалниот картел е недопирлив, а сите неистомисленици се потенцијални политички жртви.

Оваа неправда мора да престане. Сите судски одлуки донесени врз притисок еден ден ќе бидат преиспитани, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Претходна статија

АНДРЕЈА РИСТЕСКИ-САЛПЕ ( ВОКАЛИСТ НА „КАИН“): НИЕ СМЕ ОПШТЕСТВЕНАТА КРИТИКА И ГЛАСНОТО ЗБОРУВАЊЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНОТО НЕЗАДОВОЛСТВО

Следна статија

ВЛАДАТА НИТУ ПОТВРДУВА НИТУ ДЕМАНТИРА ЗА „РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“

Најново од Вести