|

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје.

„Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 28 километри северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтерова магнитуда ML3.3, а беше почувствуван од граѓаните на градот Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични Објави