ЈОТОВА: ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО Е ВАЖНО ЗА БУГАРИЈА

//

Темата безбедност денес има специфично значење – од точки на конфликт до миграциска криза, бегалци и климатски промени, Исламска држава и странски борци, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со претседателот на Воениот комитет на НАТО сер Стјуарт Пич.

Потпретседателката ја истакна улогата на Бугарија како стабилизирачки фактор во Западен Балкан, каде остануваат регионалните предизвици во безбедноста и стабилноста.

На средбата со Пич, Јотова рече дека е од големо значење за Бугарија е да се финализира пристапувањето на НАТО во Република Македонија.

– Очекуваме и покана за членство во ЕУ за Албанија и Република Македонија во октомври. Членството на двете земји во структурите на НАТО е силен аргумент во позитивна насока , истакна бугарската потпретседателка.



Јотова истакна и дека како надворешна граница на ЕУ, Бугарија е важен фактор за безбедноста на регионот и на Европа како целина. Таа потенцира дека бугарската држава успеала да ја запре негативната тенденција на намалувањето на трошоците за одбрана.

Претходна статија

ВИДЕО: ШТИПЈАНЕЦОТ НИКОЛА КОЛЕВ ХИРУРГ ВО БАЗА НА НАТО

Следна статија

МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА ГИ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ПОБАРАА БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, РОМАНИЈА И ХРВАТСКА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да