| |

ВИДЕО: ШТИПЈАНЕЦОТ НИКОЛА КОЛЕВ ХИРУРГ ВО БАЗА НА НАТО

Штипјанец веќе eдна година оперира во база на НАТО. Таму тој успеа да стигне по пет годишно искуство како васкуларен хирург, истакнувајќи се како најдобар помеѓу останатите кандидати.

Големата професионална доверба  младиот Никола Колев ја стекна  многу бргу. Најпрвин како студент кој лесно и со најдобар генерациски  просек од  9,98  ги научил сите студентски и  специјализантски  материјали,  а потоа  како хирург со ретко талентирана рака и професионален карактер  за десетка. Заедно, талентот, напорната работа и дисципилината  на само 31 година  Колев го  промовираа во сегашност и иднина на васкуларната хирургија на Бугарија, местото каде Колев сега живее и работи.

Колку беше тешко во земјата на светски познати хирурзи место мегу авторитетите да има и за Колев?

„Во Бугарија сум од 2007 година и сум добро обучен во базата на медицинскиот факултет во Плевен.Потоа почнав специјализација во помала приватна болница.Врз база на стекнатите знаења и умеења успеав да влезам во воено медицинската академија на Р. Бугарија“ изјави Никола Колев, васкуларен хирург

Успешното работење во Бугарија  и добриот глас кој стигна во многу земји во Европа  му донесоа, меѓународни признанија, награди, но и членство во  важни асоцијации.

„Прва награда ни беше на ендоваскуларниот симпозиум на ЛИНК во 2017 година со колегата Димитар Николов освоивме прва награда во областа компликации и предизвикувачки случаи.Потоа имаме учествувано на големи Флегобулични конгреси во Будимпешта, Прага итн.“ изјави Никола Колев, васкуларен хирург

Секојдневно се соочува со  тешки случаи и неизвесни  операции. Кои се најсложените?

 „Имавме можност со колегите од ортопедија и ренгенологија да решиме еден многу сложен случај, трикратно пред тоа опериран голем тумор. Пациентот беше многу запуштен , запуштен под внимание на процесот , туморот беше со над 6кг. и должина над 50 цм. , беше опфанал се , артерии, вени ,нерви и по четири часа успеавме да го отстраниме туморот и да му овозможиме на човекот да се движи нормално“ изјави Никола Колев, васкуларен хирург

Високата стручност се почесто на Колев му носи пациенти и од Македнија. Како реагира на нив и што за него значат?

„Вниманието кон нив ми е малку страно, не станува збор само за угледот на лекарот туку и на фамилијата од која потекнувате . Мојата фамилија е мала и е битно да се запази името на фамилијата и честа“ изјави Никола Колев, васкуларен хирург

Иако приватната врска на Колев со родниот Штип и Македонија   нераскинливо постои, сепак, на професионален  план Бугарија од Македонија како да е  планетарно оддалечена. Зошто?

„Тој проблем може да го разделиме на два дела.Ако го разделиме на официјалните медицински институции мислам дека е соработката доста мала т.е. немаме доволен број на посетени конгреси на друштвата на васкуларна хирургија и другите другите друштва.Ако погледнеме од друга насока може да кажеме дека е многу голема соработката затоа што голем дел од младите лекари во Р. Македонија имат завршено или специјализирано во Р. Бугарија“ изјави Никола Колев, васкуларен хирург

Д-р Никола Колев во моментов веројатно  е  нашето  најголемото  име во васкуларната хирургија  кој  во секој момент сака да помага и споделува искуство.  Непосреднст  која  го потврдува не само како лекар, туку првенствено и како човек.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави