| |

Во Софија на 2 мај ќе се одржи свечено одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев

Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“, Бугарското здружение на родовите од Македонија, Културен круг „Балканско семејство“ и македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“ организираат одбележување на 120-та годишнина од смртта на апостолот на македонските Бугари, најголемиот син на Македонија Гоце Делчев.

Настанот ќе се одржи на 2 мај вторник со почеток од 18 часот во Националниот дворец на децата во Софија.

Програмата на настанот е објавена од главниот организатор маестро Христо Христов, директен потомок на Гоце Делчев и прв човек на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“.

Доц. д-р Наум Кајчев, специјалист по историја на Балканот од СУ “Св. Климент Охридски” ќе одржи свечен говор за животот и делото на Гоце Делчев, а за уметничкиот дел на настанот ќе се погрижат позната бугарска пејачка Диана Дафова, Камерниот оркестар „Класика“ со раководител Румјана Петрова, Елица Владова од балет „Алегрета“ со раководител Илина Агова, вокалниот ансамбл „Дијаманти“ со раководител Силвија Статкова и мешаниот народен хор на ансамблот „Гоце Делчев“ со раководител Марек Дјаков.

Водител на настанот ќе биде д-р Георги Станков, креатор и еден од водителите на подкастот „Коридор 8“.



Слични Објави