| |

Бугарија ќе инвестира милијарди во одбранбената индустрија

Меморандум за унапредување на соработката меѓу бугарската одбранбена индустрија и извршната власт беше потпишан денеска во Министерството за одбрана на Бугарија, јавува БГНЕС.

Своите потписи на документот ги ставија министерот за одбрана Атанас Запрјанов, вицепремиерот и министер за иновации и раст Тoмислав Дончев, министерот за економија и индустрија Петар Дилов, претседателката на Бугарската академија на науките чл.-кор. Евелина Славчева, како и претставници на Здружението „Бугарска одбранбена индустрија – акад. Стефан Воденичаров“.

„Во наредните 10 години ќе инвестираме милијарди за модернизација на бугарските вооружени сили и нови способности“, истакна Дончев. Тој нагласи дека целта е голем дел од компонентите да се произведуваат во самата Бугарија, што е важно и за економскиот развој и за националната безбедност на земјата.

Министерот Запрјанов најави нова фаза на соработка во европски рамки во овој сектор. Тој посочи на итноста од инвестициите во бугарската армија, со цел сигурноста на државата да биде целосно обезбедена.

Претставниците на индустријата апелираа меморандумот да стане пресечна точка со државата и да доведе до конкретни резултати и проекти.



Слични Објави