БУГАРИЈА МОНТИРА НОВИ КАМЕРИ НА ДВА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА
Се монтираат нови системи за видео надзор на бугарските гранични премини кон Македонија и Србија, а имено кај Ѓуешево и Олтоманци.
Проектот тежи околу 2 милиони евра и треба да биде завршен до 7 ноември.
Според непотврдени информации ќе бидат монтирани околу 60 камери, а ќе се воведе и софтуер што ќе може да ги открива лажните регистарски таблички на автомобилите.