| |

Бугариja одбележува 22 години од атентатот во базата „Индија“ во Карбала, во кој животот го загубија 13 припадници на Специјалните сили на бугарската војска

На 27 декември се навршија 22 години од атентатот во базата „Индија“ во Карбала, Ирак. Со ритуал-панихида, припадници на 61. Стремска механизирана бригада им оддадоа почит на загинатите бугарски војници во борбата против светскиот тероризам, јавува инфоцентарот на МО на Бугарија.

Бугарија загуби 13 свои храбри борци во операцијата „Слобода за Ирак“ – мајор Георги Качорин, постар поручник Николај Сар’ев, офицерските кандидати Иван Инџов, Антон Петров, Свилен Киров, Димитар Димитров, Владимир Пашов, Г’рди Г’рдев, Преслав Стоjaнов, Валентин Донев, Марин Милев, Цветан Камов и Паун Георгиев.

На овој тажен датум, пред „Споменикот на загинатите во борбата против светскиот тероризам“ во Карлово се одржа панихида, на која присуствуваа командантот на Копнените сили генерал-мајор Дејан Дешков, заменик-командантот на 61. механизирана бригада полковник Димо Гиџенов, градоначалникот на Карлово д-р Емил Кабаиванов, градоначалникот на Сопот г. Станислав Стоенчев, претставници на локалната и државната власт, на воено-патриотски сојузи и организации, како и блиски, пријатели и колеги на загинатите војници.

Комеморативни говори во чест на загинатите млади воини одржаа генерал-мајор Дејан Дешков и д-р Емил Кабаиванов. Во нивна чест беше отслужена заупокојна молитва од отец Марко Тодоров. Во знак на почит беа положени венци и свежо цвеќе од министерот за одбрана, началникот на одбраната, командантот на Копнените сили, командантот на 61. механизирана бригада, градоначалникот на Општина Карлово, градоначалникот на Општина Сопот, како и од колеги, пријатели и блиски на загинатите.



Слични Објави