| |

БУГАРИЈА ПРЕД НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ПАРТИЈАТА НА ТРИФОНОВ ЌЕ ГО ВРАТИ МАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА НОВА ВЛАДА

Бугарија оди кон предвремени парламентарни избори. Тоа станува јасно од пораката што ја испрати лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов преку социјалната мрежа facebook дека Антоанета Стефанова, ќе го добие и веднаш ќе го врати мандатот на претседателот Радев, за составување на нова Влада во Бугарија.

„Нашиот предлог за премиер е светската шампионка во шах Антоанета Стефанова. Таа има економско образование и зборува пет јазици. Споредбите, размислувањата и заклучоците ги оставам на вас”, пишува Трифонов.

„Се разбира, Антоанета Стефанова ќе го врати мандатот веднаш. Веднаш. Во истата секунда. Бидејќи „Има таков народ“ нема потребен број пратеници или партнери за формирање влада. Стабилна влада. Предложената поддршка е од политички субјекти кои се штетни, алчни и докажано дека се компромитирани. Ова не е нивна поддршка, туку наша зависност “, вели Трифонов.



Слични Објави