| |

ПРОФ. ДИМИТРОВ: МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ СПРОВЕДУВААТ ПОЛИТИЧКА НАРАЧКА ЗА ДА НЕ СЕ ПРИЗНАЕ ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА

„Македонските историчари треба да одбранат нешто што не може да се одбрани. Тоа е нивната драма. Тие ја разбираат мултиперспективноста од полички аспект, без да се придржуваат до историските факти“, изјави проф. д-р Ангел Димитров, председател на бугарскиот дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

Проф. Димитров подвлекува дека мултиперспективниот пристап, на којшто инсистира македонската страна, значи дека се бара повеќе од една гледна точка за историските настани, но тоа не подразбира дека треба да се негираат историските извори. Димитров е категоричен дека тезите на македонските историчари не се врз база на историските извори. Според него за да го свртат вниманието од вистинскиот проблем, тие почнале „пропаганден напад“ со многу инсинуации кон бугарските историчари во комисијата.

„Се’ доаѓа од тоа што тие ја спроведуваат политичката линија на нивното политичко раководство да не се признава заедничката историја, обвинувањата од нивна страна дека не се случува ништо бидејќи во Бугарија нема влада се апсурдни“, категоричен е проф. Димитров.

Слични Објави