Бугарија речиси двојно ги зголемила трошоците за одбрана до 2025 година
Од 2014 до 2025 година Бугарија речиси двојно ги зголемила средствата за одбрана – од 1,31% на 2,14% од БДП, покажуваат податоците од годишниот извештај на НАТО, претставен денеска, јавува Инфоцентарот на Министерството за одбрана на Бугарија.
Во 2025 година трошоците за одбрана во Бугарија пораснале за 13,78% на годишно ниво. Вкупно, земјите членки на алијансата минатата година издвоиле 2,77% од БДП за воени расходи.
Бугарија останува меѓу сојузниците со релативно висок удел на средства за персонал – 54,3% од вкупните трошоци за одбрана. За инфраструктура биле наменети 28,4%, додека 16,9% биле за одржување.
Минатата година членките на НАТО донесоа одлука да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП до 2030 година.
