Бугарија се позиционира како регионален AI центар
Бугарија се утврдува како регионален центар за вештачка интелигенција, изјави бугарскиот министер за иновации и дигитална трансформација Иван Василев на отворањето на Третата средба на академиите на науките од регионот на Црноморската економска соработка во Софија, пренесува Радио Бугарија.
Форумот е посветен на темата „Вештачката интелигенција како катализатор за научна соработка во црноморскиот регион“.
Василев ја истакна улогата на институтите INSAIT и GATE во дигиталната трансформација, како и значењето на Софија Тех Парк, каде се наоѓа суперкомпјутерот Discoverer и идната AI фабрика BRAIN++.
Настанот е организиран од Бугарска академија на науките и Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, а на него учествуваат научници од Романија, Молдавија, Албанија, Ерменија, Србија, Украина, Турција и Азербејџан, како и претставници на дипломатскиот кор.

