| |

Бугарија со големо одбележување по повод 1010 години од смртта на бугарскиот цар Самоил

Големо одбележување во чест на царот Самоил со највисоки можни гости организира Бугарија веднаш до границата со Северна Македонија – во парк-музеј „Самоилова тврдина“, кај селото Клуч во близина на Петрич. Обележувањето започна во петок. Синоќа се одржа централниот дел на прославата со обраќањето на бугарскиот претседател Румен Радев, кој е покровител на иницијативата.

Во петокот вечерта градскиот парк на Петрич беше осветлен со 200 синхронизирани дронови, кои приредија визуелен спектакл во чест на годишнината. Исто така, во Софија, претседателот Радев им додели признанија на историчарите проф. д-р Георги Н. Николов и проф. д-р Петер Шрајнер.

Цар Самуил во текот на својот живот ќе остане непоколеблив бранител на бугарската независност, државност и духовното наследство наследено од неговите претходници – Крум, Борис и Симеон, рече шефот на државата. На настанот присуствуваа патријархот Даниил, бугарски, струмичкиот митрополит Наум, неврокопскиот митрополит Серафим, пратеници во бугарскиот парламент, европски пратеници, општественици и граѓани.



Слични Објави