| |

Трамп незадоволен од руските напади врз Украина, најави нови санкции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е „задоволен“ од последните напади на Русија врз Украина и повторно ѝ се закани на Москва со сериозни економски санкции, јавува АФП, пренесува БГНЕС.

„Не сум задоволен од тоа и не сум задоволен од ништо поврзано со оваа војна“, изјави Трамп кога беше запрашан за нападот од 21 август, кој ја погоди фабрика во Украина во сопственост на САД.

Во ноќта меѓу 20 и 21 август Русија изврши напад врз Украина со рекордни 614 дронови и ракети. Нападот се случи помалку од една недела по самитот меѓу Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, кој заврши без напредок во однос на прекинот на огнот во Украина.

Слични Објави