Водата во Скопје е безбедна за пиење, уверува „Водовод и канализација“
Водата за пиење во главниот град е целосно безбедна, покажаа последните мониторинг-активности за квалитет и здравствена исправност на водата што ги спроведе Секторот за санитарна контрола при Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од таму објаснија дека проверката е правена на 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои шест примероци сирова вода од бунарскиот потег Нерези – Лепенец.

