| |

„Бугарија во моите соништа“ е темата за традиционалните конкурси за деца и младинци на Извршната агенција за Бугарите во странство

Извршната агенција за Бугарите во странство го објави почетокот на традиционалните конкурси за деца и младинци од бугарските заедници во странство за 2025 г. Темата за 29-то издание на Литературниот конкурс „Стефан Гечев“, 24-то издание на ликовниот конкурс „Бугарија во моите соништа“ и 16-то издание на Конкусот за пеење „Љубка Рондова“ е „Бугарија во моите соништа“.

„Бугарија е инспиративна земја, и ќе ни биде мило ако преку вашите зборови, цртежи и песни ни кажете како ја замислувате утре или во блиска иднина, каква е нашата Бугарија во вашите соништа.

Доколку сакате, можете да споделите како ја гледате иднината на нашата земја во Шенген зоната, каде што сме од неодамна, или во врска со идниот влез во еврозоната. Во кои други сојузи би сакале да ја видите Бугарија? Оставете ја вашата фантазија да се ослободи!

Да ја држиме будна нашата бугарска свест, каде и да сме во светот и да не дозволиме да исчезне искрата на инспирацијата која секој од нас ја претвора во канал на сила, љубов и енергија, бидејќи тоа е прашање на личен избор, сеќавање на предците и духовни стремежи“, стои во соопштението на ИАБЧ.

Важна информација:

Почнувајќи од оваа година, пријавите за нашите конкурси ќе се поднесуваат само преку регистрација на онлајн платформата што моментално ја развиваме.

· Пријавите за учество на секој конкурс ќе се прифаќаат само преку тааа платформа.

· Ве молиме, НЕ ГИ ИСПРАЌАЈТЕ ВАШИТЕ ДЕЛА НА АДРЕСИТЕ НА EMAIL-ОТ НА АГЕНЦИЈАТА – почекајте да стар онлајн платформата.

· Следете ги објавите на веб-страницата на ИАБЧ и на социјалните мрежи за стартот на онлајн платформата, а дотогаш…

Не губете време, туку почнете да размислувате на темата „БУГАРИЈА ВО МОИТЕ СОНИШТА“ и да создавате, бидејќи ве потсетуваме дека рокот за испраќање на материјалите е 15 април 2025 година.

Слични Објави