| |

Посмртните останки на царот Фердинанд се враќаат во Бугарија

Царот Фердинанд се враќа во Бугарија. За еден месец се очекува трансферот на неговите посмртни останки од Кобург во Софија, соопштија од палатата Врана, пренесува БГНЕС.

По неговата смрт во градот Кобург во 1948 година, телото на царот Фердинанд I било привремено погребано во криптата на Католичката црква „Св. Августин“ во истиот град.

Во годината на неговата смрт, погребувањето на царот во неговата втора татковина, Бугарија, било сосема невозможно со оглед на политичката ситуација во земјата и повоениот период низ Европа, и покрај неговата голема желба и желбата на неговите блиски.

По демократските промени беа создадени неколку иницијативни одбори, чии заложби во оваа насока не беа крунисани со успех и покрај добрите намери на нивните организатори.

Денешните услови на демократија и почитување на историјата дозволуваат посмртните останки на царот Фердинанд да бидат положени во семејната крипта на неговата сакана палата „Врана“ во Софија.



Слични Објави