| |

Бугарија врати над два тона кисело млеко од Северна Македонија поради неусогласена документацијата

Инспектори на Бугарската агенција за безбедност на храната задржале над два тона кисело млеко со потекло од Северна Македонија при контрола на граничниот премин „Ѓуешево“, соопшти Агенцијата, пренесува БТА.

При проверката на товарно возило биле задржани 576 картони со по 20 пакувања кисело млеко. Причината била несовпаѓање меѓу податоците наведени во сертификатот и ознаките за транспорт на производот.

Стоката истиот ден била вратена во земјата испраќач.

Од бугарската Агенција наведуваат дека граничните контроли се спроведуваат постојано со цел да се спречи влез на храна и добиточна храна што не ги исполнува пропишаните услови на пазарот на Европската унија.

Кон крајот на минатата недела Агенцијата запрела и пратка од над 11 тони пиперки од Северна Македонија поради прекумерно количина на пестициди.

Слични Објави