Бугарин од Велес: Ме казнија 300 евра затоа што наводно сум оштетил патничко возило а јас дури не сум бил во мојот автомобил кога се случил инцидентот

/

Велешанецот Димче Јамандиев преку објава на социјалната мрежа facebook ја информираше јавноста дека синоќа бил приведен во полиција, бидејќи се случил мал инцидент при паркирање на автомобили, од кој еден бил и неговиот.

Диме Јамандиев кој отворено ја искажува својата бугарска етничка припадност во изјава за нашиот портал тврди дека не знаел дека се случил било каков инцидент, но и покрај тоа, бил однесен во полицијата каде престојувал до 7 часот наутро со објаснувањето дека не е уапсен туку се врши проверка.
Во изјавата за Трибуна Јамандиев тврди дека во болница му биле направени тест за алкохол и наркотици кои биле негативни.

Денеска Јамандиев бил осуден да плати 250 евра казна, плус судски трошоци, и му е одземено правото да управува со автомобил во рок од 6 месеци.
Пресудата на Јамандиев е донесена како бугарски државјанин, што според велешанецот е дискриминација бидејќи не сакале да го судат како македонски државјанин, кој зборува бугарски. За време на самото судење тој одбил преведувач, бидејќи како што самиот кажува, говорел бугарски и немал потреба од превод.

Во изјава за нашиот портал, адвокатот на Јамандиев, Бојан Манев од Велес изјави дека ќе ја обжали донесената пресуда.

Еве што изјави за нашиот портал, самиот Димче Јамандиев.

„Јас не се наоѓав во мојот автомобил кога се случил инцидентот, излегов од локалот кај 3 часот сабалје, полицајците мислеа дека сум пијан, но тестовите што ми ги направија за алкохол и дрога беа негативни“, вели Јамандиев.



Во објавата на facebook, Јамандиев пишува дека друштво за пријателство меѓу Македонија и Бугарија ќе има, и покрај тоа што во рок од две недели ова е втората парична казна која тој ја добива. Првата како што самиот вели е во висина од 1100 евра и се однесувала на самото друштво.

Претходна статија

Заев ја испрати оставката до Собранието, еве што напиша во образложението

Следна статија

Основниот кривичен суд го прифати предлогот на ЈО, Мијалков добива 30 дневен притвор

Најново од Вести