ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА АНГЕЛ ДИМИТРОВ ОБВИНУВА: КОЛЕГИТЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЕДНОСТРАНО ГИ ПРЕКИНАА РАЗГОВОРИТЕ
Претседателот на бугарскиот дел од мешовитата бугарско-македонска историска комисија, Ангел Димитров, во емисија на Бугарското национално радио, изјави дека историчарите од македонскиот дел на комисијата еднострано ги прекинале разговорите за нејзината работа.
„Не сум забележал желба од страна на нашите колеги од Македонија за редовна врска со нас“ , вели Димитров во емисијата „Сабота 150“ на БНР.
Димитров додава дека веќе 4 месеци бугарските историчари не добиле одговор од нивните македонски колеги за протоколот од последната средба што се одржа во Софија.
„Препреките за работата на мешовитата комисија се неколку. Една од нив е нетрпeливоста на нашите колеги кон терминот Општа историја, кој што е заложен и во самиот договор на Добрососедство со Македонија. Тие сакаат да го ревизираат самиот договор и да го заменат терминот Општа историја со Споделена историја. Споделена историја може да имаме само со денешната Р. Македонија но не и во историски план“, вели професорот Димитров.
