| |

Бугаринот Никола Цолов вицешампион во Формула 3, Кампос Рејсинг со прва титула

Бугарската ѕвезда во автомобилизмот, Никола Цолов, стана вицешампион во Формула 3, откако заврши втор на Големата награда на Италија на патеката „Монца“, јавува БГНЕС.

Голема радост донесе и фактот што тимот Кампос Рејсинг ја освои својата прва титула во Формула 3, благодарение на одличните настапи на Цолов и неговиот клупски колега Тасанапол Интрапувашак.

Младиот 18-годишен бугарин собра вкупно 124 поени – осум повеќе од третиот возач на Кампос, Мари Бојa, кој во Италија заврши дури деветти. Шампион повторно е Бразилецот Рафаел Камара од тимот Трајдент со 166 поени.

Силниот настап на Кампос, чиј возачи завршија прв, втор и деветти, му донесе на тимот историска титула кај конструкторите. Со вкупно 314 бодови, шпанската екипа го надмина Трајдент кој остана на 303 поени, во последната трка од сезоната.



Слични Објави