ПЕТАР КОЛЕВ: БОЛНО И НАВРЕДЛИВО Е КОГА НЕКОЈ ЌЕ ТИ ГО ЗАПАЛИ НАЦИОНАЛНИОТ СИМБОЛ

„Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена држава, да го направиш на тој или претходниот ден после 29 години, е повеќе од јасна порака.Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца, дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано.

loading...

Проблемите и нерешените прашања се решаваат, но комшиите и роднините остануваат.

Жал ми е што ова се случи, се надевам дека сфаќаме како општество колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и каква навреда е тоа. Ни се случувало многу пати да гори и македонското знаме, но за волја на вистината никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга етничка припадност.Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска, бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носиме срамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки. Искрено и човечки се извинувам на секој роднина и комшија, граѓанин на Бугарија за оваа постапка. Ова е навредливо пред се за мене, па после и за секој Бугарин каде и да живее во светот“, напиша на својата официјална facebook страна претседателот на ГДУ, Петар Колев.

loading...