Бугарите во Уставот е богатство
Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца
Пред неколку дни се вратив од странство во мојата мила татковина Македонија, и излегов да пешачам покрај кејот на Вардар. И веднаш до историскиот камен мост забележав еден натпис во ѕидот, над кое се издигнало зградата – симбол на српската окупаторска власт во вардарска македонија, така наречен ‘офицерски дом’! Натписот гласаше: ‘Бугарите во устав е предавство!!
Бидејќи и јас сум еден од оние граѓани на ова земја, коишто се почуствуваат и декларираат како македонски б’лгари, староседелски народ повеќе од 14 века во географската област Македонија, уште еднаш се зачудив на умот на оние коишто го измислиле овој анти – бугарски натпис, луѓе коишто располагаат со болна омраза кон бугарите, но и со опасни идеи, со кои да можат да попречуваат по патот за зачленување на Р. С. Македонија во ЕУ!
Овие луѓе ( претпоставувам дека се млади по возраст! ) изгледа дека имаат некаков ‘талент’ за уметност по бојадисување на ѕидови, но лошото е дека станале алатка во рацете на политички, идеолошки и етнички фрустрирани типови со висока доза на негативна енергија! Пораката којашто се испраќа преку овој натпис, во неговата суштина е длабоко анти – демократска, фашистичка – комунистичка и расистичка. Се прашувам, како може ниту еден од политичките партии во Р. С. Македонија, да не реагираат со официјални изјави со кои да го осудуваат ова злосторничко дело! И каде се нашите градоначалници на градот Скопје и општината Центар, да го избришат овој срам, од ѕидот преку кое секојдневно минуваат многубројни жители на овој град, и туристи коишто ја посетуваат нашата земја, мислејќи дека е место за толерантен соживот!
Во Р. С. Македонија, се приближуваат деновите во кои, граѓаните ќе гласаат ( или, ќе бојкотираат и нема да гласаат! ) за председател на државата и пратеници во парламентот. Политичката атмосфера е напната, партиите жестоко се напаѓаат, а граѓаните се шокирани од корупцијата, криминалот и празниот паричник во нивните џебови! Голем број на млади образовани луѓе си заминуваат во странство, за да добијат подобри човешки и финансиски услови за живот, и не мислат да чекаат во редовите за гласачките кутии во земјава! Веќе поминаа 32 години од независноста на Р. Македонија ( сега веќе Р. С. Македонија ), и жителите на ова измачена земја се задушени од многубројни лаги, далавери, афери, грабежи и насилство во изминатото време.
Во првите години од независноста на Р. Македонија, кон крајот на 90’те години од минатиот век, се појави една весела песна со наслов: ‘отвори го пенџерчето се задушивме’, исполнета од групата ‘Нулта Позитив’ и сега веќе покојниот пејач Мирко Митревски. Беше време на сериозна економска криза, криминална приватизација, отпуштање од работа на многубројни работници под понижувачки за нив категоризација ‘технолошки вишок’, беше извршен нај големиот грабеж после оној од 1944 – 1945’а. Земјата се претвори во ‘царство’ на новосоздадената мафија којашто се раководеше директно од режимот на Милошевиќ во Србија.
Во некои од бившите југословенски републики ( Босна и Херцеговина, Хрватска ) само што беа запрени воените агресивни напади на режимот во Белград. Во тие напади, српските парамилитарни формации извршија голем број злосторства, особено во територијата на Босна и Херцеговина. Точниот број на убиените цивили сѐ уште не се знае. Овие денови, европскиот парламент веќе подготви предлог резолуција, со којашто официјално ќе се осуди извршениот геноцид во Сребреница.
Ние, како чесни, разумни граѓани на Р. С. Македонија, и како европејци со слободно мислење, даваме поддршка на ова предлог резолуција. Песната ‘отвори го пенџерчето’, и денеска има висока гледаност во интернет мрежата, затоа што жителите на ова земја, пак се задушени од последиците на недомаќинското работење на властите. Граѓаните сакаат некој да отвори ‘пенџерчето’, за да земе чист воздух! Воздух, без лаги, далавери, криминал, корупција и насилство! Да ли ќе се најде некој јунак, за да отвори ‘пенџерчето’ и да пушти чист европски воздух, преку кое ќе добиеме демократија, толеранција и благосостојба, допрва ќе видиме! И за крај, кога станува збор за ‘предавство’, ние македонските б’лгари како чесни, добронамерни и способни граѓани на Р. С. Македонија, сакаме да бидеме дел од оваа општество, и да придонесеме за подобрата иднина на ова земја.
Ги повикувам сите политички субјекти во земјава, да не дозволуваат злоупотреба со македонските б’лгари и да не ги сатанизират, за да добијат глас повеќе во наредните парламентарни и председателски избори. Сите идни пратеници во парламентот и идниот председател на државата, по изборите ќе треба со брзо темпо да ги спроведат потребните измени во уставот, за да напредуваме со поголема брзина по патот за членството во ЕУ. БУГАРИТЕ ВО УСТАВ Е БОГАТСТВО!
