| |

Бугарите во Уставот? Што потоа?

Пишува: Владимир Перев

Лека полека минуваат и Великденските чествувања и сите се опоравуваме од обилната исхрана и опојните мириси на македонските вина, така штедро ползувани “во чест на Маките Христови“, а за нашето посакувано задоволство. Влегуваме во редовен живот!

Почетокот на оваа недела го започна Бујар Османи и неговото МНР околу различните толкувања на употребата на јазиците во меѓународните контакти на македонската дипломатија и политичарите воопшто. Но тоа е по малата “болка“, а добро упатените очекуваат овие дискусии околу употребата на јазиците да се влечат до недоглед.

Останува за решавање стогодишниот проблем со правата на бугарите во Македонија, но ако е за утеха, на проблемот му се гледа крајот. Понудата од страна на Бугарија да помогне во разрешувањто на овој навидум нерешлив јазол е сосема сериозна и треба да се разгледа со должниот респект. Секако, тука треба да се земат предвид и мислењата на македонските бугари, бидејќи се работи за нивниот конкретен интерес, и зошто не, за нивниот иден бенефит од дадените права. Тоа не е мешање во внатрешните работи на Македонија, бугарите се тука, присутни. Тоа “мешање“ треба да се разбере како ревизија, ако не и укинување на одредени постулати од Асномската Македонија. Притоа да се подразбере дека Бугарија ништо не наложува, а термините народност и дел од народ се одамна одомаќени и прифатени кај нас, уште од југословенската 1974 година. Бугарската општност во Македонија само се приклучува кон бенефитите на другите делови од народи кои живеат кај нас, барајќи ги истите права и секако, должностите што произлегуваат от тие дадени права.

Исто така, не треба да има никакви недоумици околу употребата на термините “бугари“ и “македонски бугари“. Македонски бугари е термин кој најчесто го употребува Иван Михајлов, сакајќи да говори за поробените бугари под српска и грчка власт и да ја објасни нивната борба, пред веќе слободните бугари во Царство Бугарија. Впрочем, тоа е позната технологија на уточнување на појавите врзани за нациите. Така ги имаме поимите “србин“ и “србијанец“, па и “црногорски србин“, имаме и поими како што се “градишќански хрвати“ или “корушки словенци“, па никому не му поаднало на памет да каже дека тие не се срби, хрвати или словенци. Значи, бугарите се единствен народ, сите оние кои се изјаснуваат како такви ги имаат истите права и должности, а нивната припадност кон Македонија, Тракија или Мизија се само географски одредници, продукт на определени историски околности и настани. Македонските бугари не се во ништо поразлични од Тракиските или Мизиските бугари. Затоа, во Уставот на РСМ, бугарите ќе влезат под нивното единствено име-бугари! Да, треба да се уточнат и некои неопределености во македонското законодавство, поточно во Уставот. Сега, како што се наредени “деловите од другите народи“ во Преамбулата, се дозволува тивка но јасна мајоризација по основа на бројноста, па така, во ревидираниот и дополнет Устав, во Преамбулата и секаде каде се споменуваат “делови од други народи“, тие ќе следат по азбучен ред на македонската азбука-албанците, бошњаците, бугарите и потоа другите, коректно наведени по азбучен ред. Така, бугарите и власите, евентуално и евреите, ќе бидат пред турците, србите и ромите, па на тој начин ќе се избегне националната мајоризација по бројност.

Тоа би бил само почетокот на “преродбата“ на бугарите во сопствената држава. Познавачите на демократијата велат дека за кратко време, претставниците на бугарската општност ќе навлезат во сите пори на општествениот живот во Македонија, ќе бидат во Парламентот, војската, полицијата, правосудството и в извршната власт. Потоа ќе биде интересно да се слушнат иронизирачките изјави од типот “бугари су ушли у Софију“ или пак презирачкиот исказ “бугарска скупшина“…и овде ќе има бугарска скупштина, барем еден член ќе биде таму…сосема доволно! Впрочем, Бугарија е стара држава и покаже дека може нормално да функционира и без влада…во 1350 години старост, овие неколку години “безвладие“ се ситница во поимањето на политичкиот континуитет и демократија.

Во Македонија постои само еден политички проект кој се занимавал со правата на бугарите во демократски партиски систем. Тоа е партијата ГДУ, која денес е во фаза на хибернација, а нејзиниот лидер Петар Колев е на редовна новинарска работа во Софија. Други партии немало.

Македонските бугари нема да се подведат и да дозволат некакви фалшиви, лажни бугарски организации да навлезат во политичкиот живот на Македонија. Во овој интеррегнум за местото на бугарите во македонскиот политички систем, се чувствува силна пројавеност на дејанија од безбедносните структури на бившата УДБ-а, (ДБК) односно сегашната АНБ, но и наплив на невладини организации и во Бугарија, формирани од левичарски и антибугарски структури. Македонските бугари треба да се изборат за конечното решавање на проблемот со Уставот на Македонија и со имплементацијата на бугарите од Македонија во структурите на власта, притоа спротиставувајќи се на деструктивните агентурни дејствија, како овде, така и во Софија. Тоа треба да биде конечната пресметка со предавниците во нашите редови, толку долго помагани, како од Москва и Белград, така и од некои кругови во Софија. Истовремено, тоа би бил и процес на етаблирање на човековите права за бугарите во Македонија, неопходност од остварениот општествен развој на земјата.

Почетокот на постапката би бил процес на одземање на државјанството на некои од оние македонци кои се стекнале со “б’лгарско гражданство“, ама се покажале некоректни и нечесни кон бугарската држава. Се работи за некои познати персони од “паспортната мафија“, но и некои интелектуалци од Македонија, кои како слободна активност, се занимаваат со разузнавачка дејност против Бугарија во Македонија и ги релативизираат или одречуваат заложбите на македонските бугари за нивното имплементирање во Уставот.

Конечно, секој може да си мисли што сака за председателот Радев, за тоа чиј пилот бил, ама никој не може да му одрече дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на правата на македонските бугари во земјава, дотолку повеќе што тоа значи и заштита на бугарските национални интереси воопшто, нападнати од македонската југотитовистичка тоталитарна историја. Да се потсетиме само на неговата изјава:

Надявам се президентът на Северна Македония да осъзнае, че вписването на македонските българи в конституцията е в помощ на скъсването на неговата страна с идеологемите на тоталитарното минало и за демократизирането на страната”.

Задачата на македонската политика и политичари е надминувањето на тие идеологеми, кои доведоа до стравичната војна на териториите на Титовата Југославија, толку често прикажувана на мојата генерација како некаков остварен Рај на земјата.

Задачата на сите нас е да го избегнеме пеколот од распадот на кој се сеќаваме и во кој некои од нас учествуваа, распад кој сеуште се надвесува над нашите сознанија!

Честито Воскресение Христово! Да се надеваме на конечното воскресение на правата на македонските бугари во нашата сопствена татковина, Македонија!

Слични Објави