| |

Бугарска делегација ќе биде примена кај папата Лав XIV по повод 24 Мај

Бугарска делегација, предводена од претседателката на бугарскиот парламент Михаела Доцова, на 21 и 22 мај ќе престојува во Рим и Ватикан по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, просветата, културата и словенската писменост, јавува Актуално.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе биде примена на аудиенција кај папата Лав XIV. Предвидена е и средба на Михаела Доцова со претседателот на Долниот дом на италијанскиот парламент, Лоренцо Фонтана.

На 22 мај бугарската делегација ќе присуствува на свечена православна литургија во базиликата „Сан Клементе“, а ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Слични Објави