Бугарска национална платформа: Бараме меѓународна интервенција за запирање на етноцидот врз Бугарите во РС Македонија

//

Бугарската невладина организација „Бугарска национална платформа“ испрати апел за меѓународна интервенција за стопирање на етноцидот врз Бугарите во РС Македонија. Апелот е упатен до комесарот за проширување Оливер Вархеји, комесарот за утврдување на европскиот начин за живот Маргаритис Схинас, евро комесарот за иновации и научни истражувања, култура, образование и младина Марија Габриел, до премиерот на Словенија Јанес Јанша, претседателот на Република Бугарија Румен Радев и до службениот министер за надворешни работи на Р. Бугарија Светлан Стоев.

Во апелот од Бугарска национална платформа тврдат дека културниот етноцид врз Бугарите во Македонија започнал уште во 1945 и е ставен во рамка на закон во 1946 година. Културна Европа не реагира против овој фанатички поход за уништување на словото. Но и покрај политиката во комунистичка Југославија се нашле храбри луѓе кои ги зачувале некои бугарски споменици, стои во апелот на Организацијата.

Во истиот е опишан и последниот откриен случај со споменикот во црквата Св. Архангел Михаил во село Клепач кај Прилеп, посветен на војводата Велко Скочивирски и неговата чета. Споменикот во периодот 13 октомври 2020 -22 септември 2021 година е отстранет и на негово место е поставен нов споменик со изменет текст и променети презимињата на комитите со суфикс-СКИ. Од Бугарска национална платформа велат дека такво анти-хумано однесување кон мртвите нема место во модерна Европа. Тие ги поставуваат следните барања:
Европските и бугарските институции да преземат активности за возобновување на уништените споменици и заштита на бугарското културно наследство во РС Македонија. Воедно со тоа и заштита на човековите права и достоинство на граѓаните на РС Македонија кои себеси се самоопределуваат како Бугари. Од БНП бараат уште да се создаде меѓународна анкетна група која да ги истражи извршените криминални активности на територијата на РС Македонија и да се изврши мониторинг на медиумите на територијата на РС Македонија во однос на системското користење на говор на омраза кон сѐ што е бугарско. Од БНП велат дека таквите активности ќе и помогнат на власта во Скопје да ги изврши неопходните реформи и да се раздели засекогаш со тоталитарните практики наследени од југословенскиот режим.



Претходна статија

46,9 отсто од полнолетните граѓани во Македонија се вакцинирале со една доза, најмногу во Неготино, а најмалку во Гостивар

Следна статија

Попишани 1.619.857 граѓани во земјава и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Најново од Вести