Да и помогнеме на Тамара повторно да донесе златен медал за нашата земја!

/

Тамара Цветкоска е млад спортски талент од Прилеп, која има потреба од финансиска помош за да отиде на Балканското првенство во борење, што ќе се одржи на 27 октомври во Ксанти, Грција. Таа е член на репрезентацијата на РС Македонија во борење и досега во 10 официјални борби има постигнато 9 победи. Нејзниното семејство нема финансиска можност да ги обезбеди подготовката, потребните медикаменти и патувањето до Ксанти каде што ќе се одржи самиот спортски настан. Финансиите се потребни исто така и за цела тековна година во која се вклучени преку 30 натпревари.

Ги повикуваме сите што можат да помогнат да донираат за оваа наша млада шампионка.

Донациите можете да ги испраќате на следната трансакциска сметка.



*Доколку има некоја фирма што сака да биде спонзор на младата шампионка во нејзините понатамошни борби ве замолуваме да ни пишете во порака на порталот Трибуна за да ве поврземе со нејзините родители.

Сите заедно за Тамара!

Претходна статија

Попишани 1.619.857 граѓани во земјава и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Следна статија

Џамбаски со писмо до ЕК за уништениот споменик во село Клепач

Најново од Вести