Селмани: Зошто никој не излезе и не каже дека очекувавме Америка и Германија да ни го решат спорот со Бугарија

//

„Ние цело време сакаме да глумиме жртва дека еве заради нас ЕУ прави неправда, па ни ветиле нешто, па не зафркава, па не исполниле… Луѓе јас навистина овде не можам да разберам. Владата на Заев потпиша Договор со Бугарија дека во иднина ќе се затвори тоа прашање. Зошто никој не излегува и не кажува дека имавме погрешна стратегија, очекувавме дека Америка и Германија ќе ни го решат спорот. Ако очекувате некој од надвор да ви ги среди проблемите ќе се сведете на оваа ситуација“, изјави Насер Селмани во емисијата „24 отворено“ на ТВ 24.

Селмани е дециден дека прашањето со Бугарија ние треба сами да го решиме. Селмани додава дека истата стратегија била и со Грција , ние сакаме ама Грците не сакаат.

„Работата е таму што не се сака, сакаат да тактизираат. Ние тактизираме кон Бугарија“, вели Селмани.



Претходна статија

Селмани: Заев нема интерес од реториката „аман немој да одиш“, тоа му штети нему, на СДСМ и на владата

Следна статија

Селмани: Во провладините медиуми имаше антибугарска пропаганда

Најново од Вести