| |

Селмани: Во провладините медиуми имаше антибугарска пропаганда

„Навистина не е коректно да се рече дека во Македонија не е никаков проблем да имаш бугарски пасош. Па ние на столб на срамот ги ставаме тие луѓе, предавници, продадени, итн. Ние не ги прашавме зошто ги извадиле тие пасоши“, изјави Насер Селмани во емисијата „24 отворено“ на ТВ 24 во однос на тоа дали е проблем или не да се има бугарски пасош во Македонија.

„Во провладините медиуми имаше антибугарска пропаганда, и тоа не ни прави чест, бидејќи ние ќе треба со таа држава да седнеме и да затвориме некој спор а ние… не ни прави чест, не си помагаме себе“, подвлече Селмани.



Слични Објави