| |

Џамбаски со писмо до ЕК за уништениот споменик во село Клепач

Бугарскиот евро пратеник Ангел Џамбаски испрати писмо до Европската комисија по повод отстранетиот споменик на војводата Велко Скочивирски во селото Клепач кај Прилеп и неговата замена со друг споменик на кој што се изменети имињата на комитите и е променет текстот на самиот споменик. Во своето писмо Џамбаски наведува дека тоа е криминално дело врз сеќавањето на војводата и загнатите комити и покажува дека РС Македонија ја продолжува анти-бугарската политика наследна од југословенско време.

„Годината е 2021 а не 1946. Ние немаме претензии кон туѓиот идентитет, но бараме РС Македонија да не посегнува кон идентитетот на Бугарите таму. Кон идентитетот на Бугарите во сегашниот попис , ниту кон идентитетот на стотиците илјади загинати за слободата на Македонија“, стои во писмото на Џамбаски.
Џамбаски во писмото поставува и две прашања кон Европската комисија: „Каков е односот на ЕК кон сквернавењето, уништувањето и сменувањето на историските споменици и што ќе преземе ЕК за стопирање на анти-бугарските активности кои стануваат сѐ почеста појава?“



Слични Објави