|

Повредени 10 рудари во Полска по силните потреси, се трага по уште десетици

Најмалку 10 полски рудари се повредени, а по уште десетици се трага по силниот потрес што се случи во рудникот за јаглен „Ридултови“ на околу 1.200 метри над земјата, соопштија денеска државните власти.

Според АП, 15 рудари биле извлечени на површината, од кои 10 биле хоспитализирани, соопштија локалните служби за итни случаи.

Се уште не е јасно што го предизвикало тресењето. Портпаролот на полската рударска група Александра Височка-Сиембиг изјави дека несреќата се случила околу осум часот утринава.

Официјални лица изјавија дека 68 рудари биле во рудникот во моментот на земјотресот.

Слични Објави