БУГАРСКАТА АМБАСАДА ВО РС МАКЕДОНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА 6 МАЈ- ДЕНОТ НА ХРАБРОСТА И БУГАРСКАТА АРМИЈА НА БУГАРСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА КАЈ СТРУМИЦА

//

Бугарската амбасада во РС Македонија денеска со свечена церемонија го одбележа 6 мај-Денот на храброста и бугарската армија на бугарските воени гробишта во близина на Струмица.

Во своето обраќање амбасадорот Ангел Ангелов оддаде почит кон подвигот на бугарските војници, кои го дале својот живот за Бугарија.

Во рамки на церемонијата е одржана и панихида за загинатите припадници на бугарската армија.



Венци и цвеќиња поднесоа амбасадорот Ангелов, генералниот конзул на Бугарија во Битола, Димитар Иванов, воениот аташе и присутните граѓани.

Претходна статија

ОСНОВАЧИТЕ НА „БИОНТЕК“: ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ДО СРЕДИНА НА 2022 ГОДИНА

Следна статија

ВАРХЕЈИ ПОВТОРНО ЈА ПОТСЕТУВА ВЛАСТА ВО СКОПЈЕ: АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИТЕ СО СОФИЈА, АЛБАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ САМА ПО ПАТОТ КОН ЕУ

Најново од Вести