| |

Бугарската амбасадорка во Словачка го покани фотографот Филип Кулишев да ги фотографира природата и наследството на Бугарија

Бугарската амбасадорка во Словачка, Снежана Јовева-Димитрова, го покани фотографот со бугарско потекло Филип Кулишев да ја посети Бугарија и да создаде фотографски серии посветени на нејзината природа и културно-историско наследство, соопшти Амбасадата на Бугарија во Словачка.

Поканата била упатена при посетата на амбасадорката на новоотворената изложба „Amazing Planet – Filip Kulisev“ во трговскиот центар „Аупарк“.

„Амбасадорката Јовева упати специјална покана до фотографот да ја посети Бугарија и да создаде фотографски серии за уникатната бугарска природа и културно-историското наследство“, се наведува во објавата на Амбасадата.

Кулишев во своите фотографии ја истражува природата. Според Амбасадата, тој има реализирано изложби низ светот и освоено десетици меѓународни награди.

Изложбата во „Аупарк“ е отворена за посетителите до 1 ноември.

Слични Објави