Бугарската армија го одбележува Денот на воениот падобранец
Заедничката команда за специјални операции (СКСО) на Бугарската армија ќе го одбележи Денот на воениот падобранец и 82 години од првиот борбен ден на Падобранската дружина со свечен воен ритуал и полагање венци и свежо цвеќе во спомен на хероите кои ги дале своите животи при извршувањето на службената должност. Одбележувањето ќе се одржи пред спомен-плочата на загинатите падобранци на плоштадот „Народно собрание“ во Софија, соопштија од прес-центарот на ЗКСО на Бугарската армија, пренесува БТА.
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили Илијана Јотова ќе ја прими почесната гарда и ќе им оддаде почит на подвигот на бугарските падобранци, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.
На свечениот воен ритуал ќе присуствуваат и министерот за одбрана Димитар Стојанов и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов. Поканети се и претставници на локалната власт, јавни организации, воени лица, ветерани, медиуми и граѓани, соопштија од прес-центарот на Министерството за одбрана.
Пред тоа, на Алејата на падобранецот на Централните софиски гробишта е предвиден воен ритуал со полагање венци и свежо цвеќе и заупокојна молитва.
На овој ден во 1944 година Падобранската дружина во составот на Првата бугарска армија за првпат учествувала во вистински борбени дејства.
