(Галерија)Бугарската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје.
„Не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни и односот меѓу нашите два народа не подразбира такви драконски мерки на кои сме сведоци“, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев, по положувањето венец на бугарската делегација на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас во Скопје, јавува БТА.
Според Демерџиев, има информации дека многу бугарски граѓани биле спречени да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.
Заемната почит што ја изјавуваме кон народот на Северна Македонија и гаранциите што ги добивме дека тоа ќе се случи го подразбираат токму тоа – да им дадеме можност на сите да дојдат и да го почитуваат споменот на Гоце Делчев“, рече Демерџиев.
Според информациите што ги добил министерот Демерџиев се причина за доцнењето на автомобилите со бугарски државјани, кои сакаат да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев е струен удар на граничните премини со Бугарија. „За да нема вакви проблеми во иднина, веднаш нарачав и подготвив три генератори кои во понеделник ќе бидат донирани од бугарското МВР токму на овие три премини“, изјави Демерџиев.






