Бугарската држава помогна во враќањето на бугарско дете кај неговата мајка
Бугарската држава даде поддршка за враќањето на бугарско дете кај неговата мајка. Случајот e од 2019 година во Кралството Норвешка, јавува бугарското Министерство за надворешни работи.
По седум години присилна разделба, 13-годишно бугарско дете повторно е со својата мајка. Со активната соработка на министерот за надворешни работи Георг Георгиев и Амбасадата на Бугарија во Норвешка беше постигната конечна одлука во најголем интерес за детето.
Случајот е пример за ефикасна дипломатска и конзуларна поддршка, како и за посветеност на правата на детето, правдата и хуманизмот. Министерството за надворешни работи на Бугарија им се заблагодари на сите кои активно учествуваа во процесот.

