| |

Бугарската кошаркарска ѕвезда Александар Везенков по втор пат најдобар стрелец во Евролигата

Бугарската кошаркарска ѕвезда Александар Везенков стана најдобар стрелец во регуларниот дел од Евролигата, со просек од 19,44 поени по натпревар и по вторпат ја освои наградата „Алфонсо Форд“, јавува БГНЕС.

Крилото на Олимпијакос имаше висока ефикасност – 63% за два поени, 40% за три поени и 89% од линијата за слободни фрлања. Зад себе ги остави Кендрик Нан и Надир Хифи, а бележеше и просек од 6,6 скока и 1,3 асистенции.

Везенков беше и лидер по индекс на корисност со просек од 23,1, придонесувајќи Олимпијакос да го заврши регуларниот дел на првото место со скор од 26 победи и 12 порази пред плејофот.

Слични Објави