Бугарската машка одбојкарска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство во одбојка во Филипините
Репрезентацијата на Бугарија се пласираше во финалето на Светското првенство во одбојка за мажи за првпат по 1970 г., јавува БГНЕС „Лавовите“ во полуфиналето ја совладаа Чешка со 3:1 (25:20, 23:25, 25:21, 25:22) на шампионатот што се одржува на Филипините.
Александар Николов беше најзаслужен за успехот со 31 поен, додека капитенот Алекс Грозданов постигна 12, а Аспарух Аспарухов заврши со 10. За Чешка, најпродуктивен беше Лукаш Вашина со 17 поени.
Бугарија ќе игра утре за златниот медал против победникот од второто полуфинале меѓу Полска и Италија.

