Бугарската поетеса Елисавета Шапкарева потомка на големиот охридски род Шапкареви стана првиот донатор на книги за библиотеката на бугарската амбасада во Србија
Среќни сме што можеме да споделиме дека првата донација на книги за библиотеката при Амбасадата на Република Бугарија во Србија беше направена благодарение на г-ѓа Елисавета Шапкарева – правнука на Кузман Шапкарев, внука на Елисавета Багрјана и претседателка на Бугарското здружение на родовите од Македонија, јавуваат од Амбасадата на Република Бугарија преку својата Facebook страна.
Особено вреден дел од донацијата се изданијата на самото здружение, кои го збогатуваат фондот на библиотеката со значајни историски и културни трудови. Меѓу донираните книги се издвојува првото издание на „Проект за историческо-хронологическа таблица на най-забележителните исторически събития от сътворението на света до наши дни, черпан от разни хронологически и исторически съчинения и натъкмен от К. А. Шапкарев“ – исклучително вреден труд на Кузман Шапкарев.
Во знак на благодарност за направената донација, амбасадорот Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова ѝ врачија на г-ѓа Шапкарева благодарница бр. 1 за возобновувањето на библиотеката при Амбасадата на Република Бугарија во Србија.
