ОД ОТВОРАЊЕТО НА ГРАДИНКИТЕ, ОД КОРOНАВИРУС ЗАБОЛЕЛЕ 18 ДЕЦА И 55 ВРАБОТЕНИ

/

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа кажа дека евидентно е дека во последните две недели бројот на заболени во градинките се зголемува и дека трендот на позитивни е како целата епидемиолошка состојба во државата.

Шахпаска истакна дека здравствената состојба на сите досега позитивни деца и вработени е добра.

„Нема хоспитализација. Генерално состојбата на вработените и децата е добра“, изјави министерката.



Таа информира и дека до денеска има 309 деца во изолација и околу 50-тина вработени.

На новинарско прашање дали може да се очекува затворање на градинките, министерката рече дека ќе се следи епидемиолошката состојба и врз основа на тоа ќе се носат одлуки заеднички со локалните власти.

Претходна статија

(ВИДЕО) АКО ИМАТЕ СТАР КОМПЈУТЕР ИЛИ ЛАПТОП НЕ ГО ФРЛАЈТЕ- БОРЧЕ ЌЕ ГО ПОПРАВИ И ЌЕ ИМ ГО ПОДАРИ НА ДЕЦАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА

Следна статија

ТРИФУН КОСТОВСКИ: ДИРЕКТОРОТ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ОДРАБОТУВАЛ ЗА СДСМ И ПЛАСИРАЛ ПАРИ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН

Најново од Вести