|

ТРИФУН КОСТОВСКИ: ДИРЕКТОРОТ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ОДРАБОТУВАЛ ЗА СДСМ И ПЛАСИРАЛ ПАРИ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН

Николче Петковски, долгогодишен директор на Еуростандард банка, одработувал за себе и за политички партии, а големи средства од банката се одлевале во во струмичкиот регион, изјави бизнисменот Трифун Костовски во Студио 10 за ТВ24.

Костовски тврди дека пред година и половина дознал дека директорот Петковски, иако добар познавач на банкарството и „човек на место“, сепак одработувал за политички партии, за СДСМ, каде што бил член.

– Големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во „Галафарм“, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно у упорно таму се пикале пари – изјави Костовски за ТВ 24, пренесува порталот Фактор.

Слични Објави