|

ВМРО-ДПМНЕ: СДС признаа дека незаконски следеле, но наместо извинување продолжуваат со лаги и манипулации да си креираат предизборна кампања

Во најновото соопштение, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС признаеле за незаконско прислушување и следење преку АНБ и АР, но наместо да се извинат, продолжуваат да ги штитат нарачателите, извршителите и организаторите на следењето на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, како и на новинари и бизнисмени.

Од партијата велат дека наместо да бидат повикани на одговорност, Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски продолжуваат да бидат заштитувани од страна на СДС.
„СДС продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта,“ стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да не ги штити структурите на СДС и ДУИ, туку да почне да работи на сите предмети и афери кои се објавуваат во јавноста, наместо да ги прикрива и да молчи и покрај сите докази. Според партијата, ЈО мора да делува по допрен глас, а не да соработува со СДС и ДУИ.

„ЈО наместо да молчи и соработува со СДС и ДУИ треба да се произнесе за случајот, во спротивно е дел од политиканството и продолжение на незаконското работење, криминалот и корупцијата,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата предупредуваат дека доколку ЈО и Љупчо Коцевски не почнат да работат во интерес на правото и правдата и продолжат да бидат неми набљудувачи на процесите, тоа нема да трае долго и ќе сносат одговорност.

Слични Објави