Бугарската претседателка Јотова до Полска по трагедијата во Краков: Ја споделувам болката на вашиот народ
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изрази сочувство и солидарност со полскиот народ по пукањето во центарот на Краков, во кое загинаа шест лица, а десетици беа повредени, јавува БТВ.
Шефицата на државата испратила писмо со сочувство до полскиот претседател Карол Навроцки по повод трагедијата.
Во него Јотова го оценува нападот врз мирни граѓани на централниот плоштад во Краков како чин на насилство што не може да се оправда. Таа нагласува дека Бугарија го осудува чинот на агресија и ги поддржува напорите на полските власти во овој тежок момент.
„Ја споделувам болката на полскиот народ и ја изразувам својата најискрена солидарност. Нема зборови што би можеле да ги утешат блиските во ваков момент, но сакам да знаете дека нашите мисли и сочувство се со Вас и со сите погодени од оваа трагедија“, наведува бугарската претседателка.
Во име на бугарскиот народ и во свое лично име, Илијана Јотова им изразува сочувство на семејствата и блиските на загинатите и им посакува брзо закрепнување на повредените.
